Најнови вести

Годишна програма за работа и развој и Годишeн финансиски план на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор за 2012 година 

понеделник, 26 март 2012 13:19:53

На 26-тата седница на Собранието на Република Македонија, одржана на ден 19.03.2012 година со мнозинсво на гласовите беа усвоени Годишната програма за работа и развој и Годишниот финансиски план на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор за 2012 година.

... повеќе
 

17-тиот состанок на SEETO (South East Europe Transport Observatory) 

вторник, 20 март 2012 11:18:59

17-тиот состанок на SEETO (South East Europe Transport Observatory) се одржа во период од 15-16 март 2012 година во Сараево, Босна и Херцеговина

... повеќе
 

Анкета за почитување на правата на патниците во превозот со железница и квалитетот на услугата 

петок, 16 март 2012 13:11:04

Во месец Декември 2011 година беше спроведена Анкета за почитување на правата на патниците во превозот со железница и квалитетот на услугата.

... повеќе
 

Добродојдовте


Почитувани,


Добредојдовте на страната на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор.

Интернет сајтот е креиран со цел да Ве запознае со поставеноста, улогата и начинот на функционирање на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор.

Железничкиот транспорт е значаен логистички сегмент во економијата и  развојот  на  општеството. Со либерализацијата на железничкиот  сообраќај  во Република Македонија се поддржува и глобализацијата на македонското општество.

 Задача на Агенцијата е промоција на овој транспортен систем кој е економски најповолен сообраќаен систем за Република Македонија како континентална земја, како за товарниот така и за патничкиот сообраќај а воедно и пријателски  ориентиран кон човековата околина.

Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор има значајна улога во либерализацијата на железничкиот сектор во Република Македонија, а со тоа и во воведување на конкурентнција меѓу транспортните компании на пазарот на железнички услуги. Агенцијата го обезбедува и недискриминаторскиот однос на управителот на Инфраструктурата кон сите транспортни компании .


Се надевам дека на нашиот сајт ќе  најдете потребни и корисни информации од областа на железниците кои ќе Ви овозможат да ги реализирате Вашите потреби.


Со почит,

Директор

Никола Димитровски
 

Галерија на слики

  Воз Гевгелија-Скопје   Велес   Старата Зелезничка станица  во Скопје   Железничка станица Скопје              



Анкета

Currently no active poll.

Статистика

  • Моментално on-line: Моментално on-line:
    • Посетители: Посетители: 9
    • Членови: Членови: 0
    • Вкупно: Вкупно: 9
Мапа на страната | Верзија за печатење | © 2008 - 2012 Агенција за регулирање на железничкиот сектор